ОТКАКО НИВНИОТ ГАЗДА НЕ ГО ИСПОЧИТУВА РОКОТ

Евролига му ги зема наградите на Панатинаикос

Војната помеѓу грчкиот великан и Евролигата продолжува!

објавено: 25 април 2018 - 22:00

Според пишувањата на грчките медиуми, ПАО имал рок до 15.април да плати износ од вкупно 670.000 евра, по основ на казни изречени за коментарите и кршењето на одлуката за забрана на влегување во салата на првиот човек на клубот Димитрис Јанакопулос.

А со оглед на тоа дека тоа досега не е направено, постои голема веројатност дека тоа ќе биде реализирано на еден присилен начин.
Според средствата за информирање кај нашито јужен сосед, Евролигата ќе ги задржи наградите кои се предвидени за остварените победи и пласманот во сезоната 2017/2018.


Во меѓувреме, Јанакопулос, кој најави дека Панатинаикос ќе ја напушти Евролигата, упати уште една „отровна стрела" кон Жорди Бертомеу, со пофалба на навивачите на Жалгирис кои ја исвиркуваа химната на Евролигата непосредно пред почетокот на средбата со Олимпијакос во „Кауно Арената" во Каунас.

Најново во Кошарка