ЕКСПРЕСЕН ОДГОВОР

ЕВРОЛИГА: Никому ништо не браниме!

Од Компанијата „ЕЦА" испратија нов документ во кој се напаѓа ФИБА и нејзините подржувачи за проектот „прозори" за квалификациите за Светскиот куп 2019 во Кина.

објавено: 9 јули 2017 - 17:05

Компанијата „ЕЦА" нема намера да се повлече од битката со ФИБА, поврзана со календарот за натпреварување за сезоната 2017/2018. Односно луѓето кои ги водат двете натпреварувања, Евролигата и Еврокупот, остануваат на позициите дека нема потреба за никаква пауза среде сезона.

„Евролигата и нејзините клубови секогаш ги подржувале репрезентативните натпреварувања, и ќе продолжат да го прават тоа со верба дека тие се важен дел за промоцијата на кошарката пред навивачите. Поради тоа, Евролигата никогаш не бранела, ниту пак условувала било кој клуб да не ги пушти своите играчи да играат за репрезентацијата, ниту пак ќе го работи тоа во иднина. Правото на играчите е кои играат во Евролигата да го прифатат повикот во репрезентацијата и понатаму постои" - стои во соопштението на „ЕЦА".

Од Евролигата дополнуваат и тоа дека нема да биде дозволен било каков облик на дискриминација, затоа што веќе некои други лиги објавија дека нема да ги ослободат своите играчи да играат во квалификациите, а ФИБА не регирала за тоа. Се верува дека тука постои договор помеѓу НБА лигата и владеачкото тело на светската организација. Дека клубовите не мора да ги пуштат своите најдобри играчи да играат во квалификациите.
Од „ЕЦА" уште еднаш потенцираат дека календарот не е променет воопшто, во однос на претходните години и дека традиционално, немало никакви паузи во Евролигата во ноември и пред крајот на февруари.

„Фактот кој вели дека ФИБА унилатерално одлучи да го организира натпреварувањето за националните тимови и дека тие се судираат со клупскиот календар е одговорност само на ФИБА, Таа одлука е спротивна во однос на договорот кој клубовите од Евролигата го постигнаа со ФИБА во 2004 година" - се истакнува во соопштението во кое се наведува дека оваа организација предложила поголем бро ј на алтернативни решенија за изгледот на календарот, но од ФИБА не се огласил никој по тоа прашање.

Најново во Кошарка