УШТЕ ЧЕТИРИ НАТПРЕВАРИ ОДИГРАНИ ВО ТРЕТОТО КОЛО

Евролига: Занимлив финиш во Москва, со тројка до победа во последните секунди! (ВИДЕО)

Кошаркарите на Химки и Анадолу Ефес досега го одиграа можеби еден од најинтересните, но и најдолгите мечеви оваа сезона. Во Москва имаше големи проблеми со семафорот за мерење времење, а официјална статистика немаше во текот на целиот меч.

објавено: 19 октомври 2018 - 22:59

На крајот Турците триумфираа минимално со резултат 84:85 и со тоа со победничка тројка во последните секунди реализирана од страна на капитенот Догуш Балбај.

Имаа уште малку време Русите да го избегнат поразот, но неуспешен беше последниот обид од страна на Стефан Марковиќ.

Кај Химки најефикасен беше Швед со 27 поени, а на спротивната страна еден кош помалку запиша францускиот интернационалец Родриг Бобуа.

Евролига, 3. коло

Петок, резултати:

Химки-Анадолу Ефес 84:85
Жалгирис Каунас-фенербахче 75;82
Олимпијакос-Олимпиа Милано 75:99
Реал Мадрид-Баскониа 97:79

Табела после три кола:

Реал Мадрид (3-0), Фенербахче (3-0), ЦСКА Москва (3-0), Олимпиа Милано (2-1), Панатинаикос (2-1), Анадолу Ефес (2-1), Олимпијакос (2-1), Макаби Тел Авив (1-2)...

Најново во Кошарка