ОБЛОЖУВАЛНИЦИТЕ НА СТРАНАТА НА ПЕРО АНТИЌ И СОИГРАЧИТЕ

„Фенер" е фаворит на истанбулскиот "фајнал-фор"

ЦСКА или Олимпијакос, или пак можеби Фенербахче односно Реал Мадрид?

објавено: 4 мај 2017 - 13:30

Кој од овие четири големци на европската кошарка може да биде носителот на трофејот во Евролигата кој ќе се предава во периодот од 19 до 21 мај во Истанбул?

Ако се суди според моменталните квоти кај оние водечки европско обложувалници, се чини дека неизвесноста ќе потрае, и тоа до оние финални минути. Или исто онака како што беше пред една година, кога ЦСКА, макар и во екстра период од пет минути, стигна до целта – „црвеноармејците" го подигнаа победничкиот пехар.
Како ќе биде оваа година во „Синан Ерден" Арената во Истанбул, кој ќе ја освои Евролигата?
Обложувалниците велат дека најголеми шанси има екипата која е во улога на „домаќин", одосно Фенербахче, иако „сино-жолтите" чиј дел е и нашиот Перо Антиќ играат и тренираат на друго место, во „Улкер спорт" Арената која е на другиот крај од Истанбул.
Како и да е, за триумф на „Фенер", на едно вложено евро секој од обложувачите кои ќе играат така ќе добијат по 2.8 евра. Тоа е за нијанса „пониско" во однос на ЦСКА. Оние кои ќе се обложат дека актуелниот првак ќе ја одбрани титулата, за едно евро ќе добијат по 2.9 евра.
Многу помали се износите за другите два финалисти. Па така, оние кои ќе се обложат на Реал Мадрид за една вложена единица ќе се надеваат на 4.3 евра, додека пак играњето „победа на Олимпијакос" носи 8. евра за вложено едно.


Според овие квоти, излегува дека Фенербахче и Антиќ се фаворити против Реал. Но „канаринците" беа доста послаби во текот на сезоната во однос на „кралевите". Но овој меч ќе се игра во Истанбул, на клупата на Фенербахче е Жељко Обрадовиќ. А Србинот и тоа како добро знае како се освојуваат титулите во Евролигата.
Од друга страна„ армејците"имаат голема предност во однос на пирејците. А на рака на тимот од Москва му оди и скорот во меѓусебните дуелит.
Ги добија сите четири последни дуели против атинските "црвено-бели".

Најново во Кошарка