ДАЛИ СЕ МОЖНИ И ТАКВИ ПРОМЕНИ

„ФЕНЕР" ГО МЕНУВА МУХАМЕД АЛИ: Вилбекин е заменикот?

Според информациите на турските медиуми, најдобриот играч на Дарушафака, и најкорисниот играч на финалната серија од Еврокупот, Скоти Вилбекин, ќе биде првата мета на „канаринците" во текот на летниот трансфер период.

објавено: 24 април 2018 - 19:55

Според информациите на турските медиуми, најдобриот играч на Дарушафака, и најкорисниот играч на финалната серија од Еврокупот, Скоти Вилбекин, ќе биде првата мета на „канаринците" во текот на летниот трансфер период.

Добро упатените извори велат дека раководството и стручниот тим на актуелниот европски првак бараат соодветна замена за Боби Диксон (или Мохамед Али), кој многу извесно, го завршува овој дел од својата кариера како играч на „сино-жолтите" од Истанбул.
Олеснителна околност за сите инволвирани страни во овој најавен трансфер е што Вилбекин наскоро би требало да добие и турска патна исправа, а извесно е дека „Фенер" би требало добро да плати за да земе „излез" за еден од подобрите бекови во Европа во овој момент, ако се земе в предвид дека треба да одработи уште една сезоан како играч на „Дачка".

Најново во Кошарка