Жестока борба до крај во 5. коло од Евролигата

Фенер и ЦСКА (М) се извлекоа дома (ВИДЕО)

По голема борба, фенербахче успеа да го солада Баерн, додека ЦСКА (М) со пеколен финиш успеа да го совлада грчки Олимпијакос.

објавено: 1 ноември 2018 - 20:42

Кошаркарите на ЦСКА Москва остануваат непоразени и по петтото коло од регуларниот дел на Евролигата. По жестока пресметка, рускиот состав успеа да слави и на големото дерби против екипата на Олимпијакос 69-65, иако во најголемиот дел од средбата гостите беа тие кои го диктираа темпото.

ЦСКА (М) имаше големи проблеми со реализацијата во првиот дел, што беше причина Олимпијакос предводен од извонредниот Спанулис да дојде до предност на полувреме од 4 кошеви разлика. По паузата рускиот тим се врати во препознатливото светло и успеа да направи плус 12 со што најави дека бодовите сепак ќе останат во нивната арена. Серхио Родригез со 20 поени беше најефикасен кај рускиот тим додека Спанулис со 16 беше најефикасен кај гостите.

 Во возбудлива завршница и Фенербахче успеа да се извади против незгодниот Баерн и да слави со 88-84. Иако се очекуваше прилично лесна завршница за тускиот гигант, гостите играа одлично 40 минути и до последната минута не беше јасно кој ќе дојде до победата. Датоме (19) и Весели (16) беа предводници до победата на Фенербахче, додека кај гостите Букер застана на 15 поени.

Во третиот завршен меч од денешната програма, Басконија ја прегази Дарушафака со 82:56. 

Најново во Кошарка