УШТЕ ЕДНА ШАНСА ЗА ТРОФЕЈ

„Фенер" ќе атакува на евролигашкото сефте

Тренерот на Фенербахче, Жељко Обрадовиќ, не го користеше Перо Антиќ. Но тоа не ја намалува вредноста на победата над Реал Мадрид (84:75), која го води тимот од Босфорот, кон уште една шанса, да ја освои Евролигата.

објавено: 19 мај 2017 - 22:36

Перо Антиќ и неговите соиграчи од Фенербахче се изборија за уште еден настап во големото финале и шанса да се освои трофејот на Евролигата.

Во натпревар во кој доминираа од првата до последната минута пред нивните атаци падна и најтрофејниот европски клуб Реал Мадрид, Па затоа во недела навечер, од 20. часот „Фенер" ќе игра за она што му недостасува на овој турски гигант – евролигашката титула.

Фенербахче – Реал Мадрид 84:75 (21-13; 23-21; 19-16; 21-25)

Во она „посакувано финале" кое го најави и Перо Антиќ, против тимот со кој освои два евролигашки трофеи – Олимпијакос. Односно екипата кој некој час порано го шокираше сега веќе поранешниот европски првак – московска ЦСКА.
Тренерот на Фенербахче, Жељко Обрадовиќ, не го користеше Перо Антиќ во ова полуфинале. Но сето тоа беше без последици по крајниот епилог. 

Најмногу поради фактот дека Јан Весели одлично го отвори овој меч. И во тој прв дел од играта реализираше десет поени. Освен тоа многу поголема доверба Србинот имаше во Екпе Југо кој скор и да не излезе од игра во првото полувреме во кое „Фенер" постави доминација. Уште во раната фаза од полуфиналето домаќинот се стекна со позитива. Прво беше 12:4, потоа и 17:7, 19:9, за првата четвртина да финишира со 21:13 во корист на Антиќ и соиграчите.


По тројката која во 13. минута дојде од Калиниќ, „сино-жолтите" стигнаа и до двојно поголеми 26:13. Но јасно е, сепак и Реал Мадрид се прашуваше за нешто на овој натпревар. Во наредните три минути „кралскиот клуб" даде 11, а не прими ниту еден поен. Затоа и дојде до негативни два поени, 24:26.
Но во оние четири кои останаа до големиот одмор, Весели продолжи да погодува, а конечно, на радост на публиката во „Синан Ердем" Арената, проигра и Богдановиќ, по чија тројка повторно беше плус 10 42:32, резултат кој го потврди Јудо, кој ги постави оние 44:34 на полувремето.


Минути во кои на другата страна на игралиштето играше само еден, единствен играч, Серхио Љуљ. Неверојатниот бек реализираше дури 19. од овие 34. поени за Реал (6/9 од поле и 5/6 од линијата за слободни фрлања).
Не се променија работите во оној трет дел од играта. Турскиот тим ја имаше контролата над резултатот, постојано го одржуваа тоа двоцифрено водство кое на истекот на четвртината беше и највисокото 63:50.
Вториот момент на слабост Фенербахче го имаше во уводните четири минути од четвртиот дел. Оние во кои Реал Мадрид даде десет поени, и се „симна" на 60:68. Потоа и на 62:70.


Но Јудо и Датоме ја вратија сигурноста во играта на „Фенер".
Ја вратија позитивата на двоцифрена, 77:67, за потполна еуфорија во салата обоена во жолто-сини бои, оние на вториот финалист.

 

Најново во Кошарка