ЕВРОЛИГАШКИ КАЛКУЛАЦИИ

„Фенер" може да заврши како осмопласиран?

Има дури 32 сценарија како би се формирале четвртфиналните двојки...

објавено: 2 април 2017 - 21:50

Иако не беше дел од проекциите, сепка, се чини дека новото, изменето издание на Евролигата, кое е претворено во лигашко, донесе навистина многу возбудувања. А кулминација на тие случувања треба да биде последното 30. коло.

Исполнето со доста непознати детали.
Пред се затоа што пред финалниот круг од регуларниот дел, седум клуба обезбедија пласман во плеј-офот, односно четвртфиналето. А за последното, осмото, конкурираат две екипи белградска Црвена Звезда, и турската Дарушафака, кои токму во меѓусебниот дуел ќе одлучат кој ќе оди понатаму.
Она што е сосема сигурно пред последниот круг, кој се игра оваа недела е дека Реал е прв, ЦСКА е втора, а Олимпијакос е поставен на позицијата број 3.
Сето друго е отворено...
Панатинаикос го има во „своите раце" четвртото место, и ќе го потврди ако го победи отпишаниот Макаби во Тел Авив. Дури и ако не ги победи Израелците, во тој случај ПАО може да се надева на пораз на Басконија од Жалгирис во Виторија.
Но тоа е малку за верување.


Панатинаикос е фаворит за позицијата 4. Но ако загуби во Тел Авив, и ако Басконија загуби од Жалгирис, а Анадолу Ефес победи во Мадрид, исто и Фенербахче против Барселона, тогаш тимот на нашиот Перо Антиќ ќе заврши како четврттопласиран, Ефес ќе биде петти, а ПАО дури шести.
Во игра се неколку евентуални „триаголници" во кои екипите можат да имаат ист број на бодови. Според една од нив, ако Црвена Звезда победи во Истанбул, не само што „црвено-белите" ќе обезбедат место во плеј-офот, туку би можеле да бидат и седми, и тоа пред Фенербахче.
Но покрај победата над Дарушафака, на „звездашите" им е потребно Панатинаикос да победи во Израел, а Басконија да го положи оружјето пред нестабилниот состав од Каунас, а „Фенер" од Барселона.
Доста нереално, но теоретски возможно.
Се заедно, тоа се дури 32 можни сценарија, вклучувајќи ги и Дарушафака и Црвена Звезда, како можни учесници, пред последното коло можат да донесат поинаков распоред на екипите од четвртото до осмото место.
Би можело да се дочека едно реално сценарио со очекувани резултати (Реал да го добие Ефес, Фенер биде подобар од Барселона, ПАО да го победи Макаби, а Басконија да го совлада Жалгирис), плус Црвена Звезда да изненади во Истанбул против Дарушафака.
Во тој случај, Реал Мадрид оди на Црвена Звезда, ЦСКА ќе разигрува со Анадолу Ефес, Олимпијакос оди на Фенербахче, а Панатинаикос со Басконија.

 

Најново во Кошарка