ПЕРО АНТИЌ СО МНОГУ ПОГОЛЕМА МИНУТАЖА

„Фенер" на чекор до истанбулскиот „Фајнал-фор"

За разлика од натпреварот број 1 во Атина, на овој тренерот на Фенербахче Жељко Обрадовиќ му даде многу поголем „простор" на Перо Антиќ, кој помогна со три поени и два скока во вториот триумф на „сино-жолтите“ од Истанбул (80:75) кои имаат три меч-топки за пласман на финалниот турнир од Евролигата

објавено: 20 април 2017 - 21:55

Нашиот интернационалец доби прилика уште во првата четвртина по која со серија од шест поени, од нив една тројка на Антиќ, гостите од Истанбул се доближија на поен негатива (15:16). Серијата на „Фенер" продолжи до првото водство (18:16), а четвртината со истата предност за Фенербахче (22:20).

Но и две технички грешки. Првата за Антиќ поради кошкањето со Џејмс Синглтон, кој исто така беше санкциониран со таква казна.
Некои сериозни промени во играта во вториот период, немаше. Па тој „минималец" (45:43), остана и на полувремето во преполната „ОАКА Арена" (18.310 гледачи).


Во третиот дојдоа „промените", и тоа во корист на турскиот тим, кој по тројката на Диксон, дојде до најголемото водство, од седум поени (61:54), а Антиќ допиша два скока на стартните три поени. По три периоди, Фенербахче водеше со (63:59).
Со серија од (9-2) во три и пол минути, ПАО се врати во водство (68:65).


Но Богдан Богдановиќ и Екпе Јудо немаа намера да запрат. Комбинирано го полнеа кошот на Панатинаикос (заедно 47. поени) кои со оние 14, кои дојдоа од Боби Диксон, кој ги погоди две клучни слободни фрлања беа доволни и за втор турски „брејк" во Атина (80:75), и големи, (2-0) во серијата.
Возбудлив меч се одигра и во Москва. А заврши со ист епилог како и првиот, победа од ЦСКА. Сега минимална од (84:82), која го става актуелниот првак на Евролигата во комотна ситуација. „Црвеноармејците" имаат (2-0) во серијата која следната недела се сели во Виторија.
Со слаба реализација од поле (5/13), Србинот Милош Теодосиќ комплетираше 16. поени и плус 8.асистенции, додека по 10 кај домашниот тим додадоа Нандо Де Коло и Кајл Хајнс.
Родриг Бибуа даде 21, Будингер 12, а Тили и Војтман уште по 10 кај шпанскиот состав, пред кој сега е тешка задача, да ги стигне овие два големи поени предност на шампионот.

ЕВРОЛИГА
ЧЕТВРТФИНАЛЕ - ВТОРИ НАТПРЕВАРИ
ЦСКА – Басконија 84:82 (2-0)
Панатинаикос – Фенербахче 75:80 (0-2)
ПЕТОК: 
20.00: Олимпијакос – Анадолу Ефес (1-0)
21.00: Реал Мадрид – Дарушафака (1-0)

Најново во Кошарка