ЕВРОЛИГАШКА РАЗВРСКА, ПЕРО АНТИЌ ЌЕ СЕ БОРИ ЗА ТРОФЕЈОТ

„Фенер" на „фајнал-фор", по втор пат по ред!

Иако одново имаше „лимитирана минутажа", а нашиот интернационалец остана без поени, заедно со неговиот клуб стигнаа до финалниот турнир кој се игра во нивниот Истанбул. По убедливите (79:61), во Истанбул, „чисти" (3-0) против Панатинаикос

објавено: 25 април 2017 - 21:38

Перо Антиќ не погоди ниту еден од трите шута кои ги упати во текот на првото полувреме во овој трет меч од серијата против грчкиот гигант. Фенербахче беше доминантен, и на крајот, го скрши отпорот на Панатинаикос, победи со (79:61), и со „чисти“ (3-0) стигна до финалниот турнир од Евролигата.

Остана без поени, со само еден скок во тој дел од играта во кој собра 5:25 минути на теренот. Но неговата екипа, повторно со добра дефанзива, повторно обезбеди сосема солидна предност од седум поени, (37:30).


Одбраната беше „главниот момент" во играта и во второто полувреме. Па по одиграни 25 минути, само Луиџи Датоме имаше двоцифрен број на реализации - точно 10, на двете страни од теренот. А Фенербахче беше екипата која водеше со најмалку десет поени (47:37).
Така беше и по три одиграни четвртини во „Улкер Арената", односно (52:42) во корист на домашната екипа, а Антиќ не доби прилика да заигра во тој дел од играта.
Двете тројки, на Нунали и Богдановиќ, во две и пол мииути од четвртата четвртина, ја разбија дефанзивата на ПАО. И го однесоа Фенер на плус и од 16 поени (60:44). А по уште една на Диксон, серијата на домашната екипа отиде и на (11-2), за (63:44).


Но и тука не беше крајот на проблемите за гостите од Атина. Серијата траеше ли траеше. Дојде Фенербахче и до (17-4) во пет минути, за (69:45). А каква е неговата сила покажува и распределбата на поените. По Датоме, уште четири други играчи во „сино-жолта" комбинација дојдоа до двоен број на поени.
За комплетно разбивање на сите надежи на „зелените детелинки" дека можат да направат чудо по оние две „утки" на домашен терен.
Во Истанбул ретко се случуваат чуда.
Но во Истанбул Перо Антиќ може да дојде и до третиот пехар во својата кариера. оној најважниот во европската кошарка - евролигашкиот.
Макар што и овојпат славниот Жељко Обрадовиќ не му даде минути кои веројатно нашиот интернационалец и ги заслужува.

ЕВРОЛИГА
ЧЕТВРТФИНАЛЕ - ТРЕТИ НАТПРЕВАРИ
Фенербахче – Панатинаикос 79:61 (3-0)
Басконија – ЦСКА 88:90 (0-3)
СРЕДА
18.30: А. Ефес – Олимпијакос (1-1)
20.15: Дарушафака – Реал М. (1-1)

Најново во Кошарка