ГОЛЕМОТО ЕВРОЛИГАШКО ДЕРБИ ВО МАДРИД ЗА РЕАЛ

„Фенер“ оди се подолу и подолу...

Последниот меч од 29. коло на Евролигата беше и најинтересниот за нас. Во Мадрид, Реал го дочека Фенербахче на нашиот Перо Антиќ, и по доста пресврти славеше со (61.56), По пет поени и пет скока за Перо Антиќ, чиј тим е во голема играчка и резултатска криза во Евролигата. 

објавено: 31 март 2017 - 22:52

Последниот меч од 29. коло на Евролигата беше и најинтересниот за нас. Во Мадрид, Реал го дочека Фенербахче на нашиот Перо Антиќ.
Во меч во кој домаќините беа во обид да ја сочуваат првата позиција на табелата, а гостите пак да си обезбедат потврда на едно од првите четири места кои во четвртфиналето на плеј-офот носат предност на домашниот терен, на крајот победи „кралскиот тим“, макар тешко, со (61:56), но доволно да се задржат на врвот на табелата, а да ја продолжат кризата кај Фенербахче кој го доведе во прашање и местото број 4, последното кое дава предност на домашен паркет во ТОП 8 фазата на Евролигата.
Перо Антиќ одигра десет минути во првото полувреме во Мадрид и притоа дојде до ефект од четири скока и три поени и две асистенции. Погоди една тројка од три обиди зад линијата 6.75 метри во неефикасното прво полувреме во кое гостите од Истанбул имаа предност од три поени (32:29).
Во второто, турскиот тим имаше и плус од седум поени (39:32) во серијата во која Антиќ погоди за својот петти поен (и исто толку скокови), кога се играше 23. минута.


Но брзо ја загубија, „кралевите" преку Руди Фернандез дојдоа до (40:41). А по шесте поени по ред на Љуљ, за серија (11-2), и до водство (46:43), кое на истекот на третата четвртина беше уште поголемо (48:43) во корист на екипата-домаќин, која знаеше како да се одбрани и да дојде до целта - триумфот кој го остава на првата стартна позиција во плеј-офот. 

Перо Антиќ не го доигра крајот на овој дерби-дуел, па зад неговото презиме остана запишано дека одиграл помалку од 20. минути и притоа допиша пет поени (2/5 од поле), пет скока, и по два асистенции и загубени топки.

Претходно, во оваа втора вечер од претпоследното коло на Евролигата, Црвена Звезда дочека победа над Уникс (83:65), но за да остане на позицијата број 8 следната седмица ќе треба да се одбрани во Истанбул и дуелот со Дарушафака.
Басконија ја искористи кризата во која од поодамна е Галатасарај (103:80), а изненадување се случи во Каунас каде „отпишаниот" Армани го победи Жалгирис (88:84)

Најново во Кошарка