Турците го одбранија домашниот терен

Фенербахче блеска, 11 победи по ред во плејофот во Евролигата, за предност од 2:0 против Басконија

Актуелниот шампион на Европа, Фенербахче ја продолжи серијата победи во доигрувањето за титулата во Евролигата и сега има 11 успеси по ред, сметајќи ги и ланските мечеви. Избраниците на Жељко Обрадовиќ и вечерва ја победија Басконија на домашен терен со 95:89 и водат со 2:0

објавено: 20 април 2018 - 21:56

Актуелниот шампион на Европа, Фенербахче ја продолжи серијата победи во доигрувањето за титулата во Евролигата и сега има 11 успеси по ред, сметајќи ги и ланските мечеви. Избраниците на Жељко Обрадовиќ и вечерва ја победија Басконија на домашен терен со 95:89 и водат со 2:0.

Серијата се сели во Шпанија, но Фенер има голема предност, бидејќи го доби и првиот меч на свој гтеренх во Истанбул.

Вечерва до нова победа ги предводеше извонредниот Американец Вонамејкер со 19 поени, а Весели постигна 16. Кај Басконија Џенинг беше најефикасен со 17 поени.

Најново во Кошарка