СПОРЕД ЕТОРЕ МЕСИНА

ФИБА календарот е понижување за играчите! (ВИДЕО)

Селекторот на Италија вели дека новиот систем на квалификации кој го смисли ФИБА би можел да му донесе проблеми и на него, но и на тимот кој го предводи во овој момент.

објавено: 4 септември 2017 - 11:20

Нови полемики се отворија околу системот за квалификации кој го креираше светската кошаркарска федерација.

Иако се игра Евробаскетот многумина, па и тренери како Еторе Месина, се прашуваат како сето тоа ќе изгледа, за кого е тоа добро, а за кога не кога ќе се „отворат" оние шест прозорци, како дел од квалификациите за Светскиот Куп 2019 година во Кина.

„Не можам да кажам дека сум среќен. Јас го сакам својот тим, уживам да работам со луѓето со кои моментално работам. Моментално ситуацијата е таква, ако си дел од НБА или од Евролигата, да не можеш во исто време да бидеш и дел од националниот тим.
Читам што мислат другите, Жељко Обрадовиќ, Јасикевичиус, и сите играчи. Сите го мислиме истото, а никој од нас не може да влијае на донесување на одлуките"- вели Месина.

Но тука италијанскиот стручњак, кој сега е дел од стручниот штаб на Сан Антонио Спарс, не застанува.

„Ситуацијата ќе биде уште потешка кога селекторите кои повикале еден тим да игра во квалификациите и да избори пласман на Мундијалот, ќе мора да им се заблагодари на тие кошаркари, и да повика нови. Тоа е понижувачко за играчите. Играш за својата земја, се пласираш на едно големо натпреварување, и на крајот ти доаѓаат неко инови момци за да играат на тоа натпреварување. Баш ме интересира, и љубопитен сум што ќе се случи следно".

Новиот систем на двогодишните квалификации за СК 2019, с еигра во таканаречени „шест прозорци", во ноември, февруари, јуни, септември, ноември и февруари.
Колку ФИБА е „недостапна" до „креаторите на играта и на резултатите" говори и малата шега која Месина ја презентирал на прес-конференцијата после поразот на неговата Италија од Литванија.

„Тој не сака да зборувам на таа тема"- се обрати Месина кон присутните, алудирајќи на официјалниот конференсие на ЕП. „Сака да разговараме за мечот со Литванија. Тој е човек на ФИБА"- со смеа коментираше Италијанецот но со јасна порака дека „ова ќе потрае".

Прашање е до кога, затоа што како што и самиот констатира, „играчите ќе бидат понижени, и тоа многу".

 

Најново во Кошарка