ДАЛИ ЕВРОЛИГАТА ЌЕ ПРИФАТИ?

ФИБА СО ПОНУДА: Еден „прозорец" помалку?

Шпанскиот „Ел Мундо Депортиво" открива дека Светската кошаркарска федерација решила да направи уште еден потег во решавањето на проблемот кој настана поради термините на одигрување на квалификациите за СК 2019 во Кина.

објавено: 12 декември 2017 - 20:35

Оваа сезона Светската кошаркарска федерација реши да воведе т.н. „прозорци", односно термини за одигрување на квалификациите кои се „поклопуваат" со календарот на натпреварувањата во НБА и Евролигата.

Поради тоа голем број на играчи не беа во можност да се отповикаат на репрезентативните покани, а такво нешто се случи изминатиот месец, кога се играа две кола од квалификациите за СП 2019 година во Кина.
Но, како што пренесуваат шпанските медиуми, ФИБА е подготвена да понуди укинување на еден прозор, а неофицијално тоа би бил наредниот ноемвриски, или пак февруарскиот.
Исто така ФИБА најави дека нема да преговара повеќе со Евролигата се додека европското клупско натпреварување не им дозволува на играчите да настапуваат за своите држави во термините на квалификациите.

Најново во Кошарка