СВЕТСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА Е ВО МИНИМАЛНО „ВОДСТВО"

ФИБА судски ја победи Евролига!

Еден од двата судски спора кои ги водат главните луѓе во светската кошарка е завршен со победа на светската коашркарска федерација. Што следува понатаму?

објавено: 26 јуни 2017 - 18:25

Со одлука на касацискиот суд во Луксембург, претпријатието "ЕЦА", со која управува Жорди Бартомеу и кое е задолжено за организација и водење на натпреварувањата како што се Евролигата и Еврокупот, е должно на сметката на ФИБА-Европа да уплати сума од 900.000 евра.

Парницата помеѓу двете страни која трае доста долго,а која е предизвикана во 2010 година, кога Евролига го раскина потпишаниот договор со ФИБА, околу отстапување на правата за водење на натпреварувањата за сума од 400.000 евра на годишно ниво, завршено е со правна победа на ФИБА.


На конкурентот од Минхен, Евролига ќе мора да му плати и затезна камата која настанала по едностраниот раскин на договорот за соработка во 2012 година, како и комплетните трошоци за судењето.
Во декември 2012 година, Евролига го поништи договорот кој го имапе со ФИБА, по што светската кошаркарска организација одлучи да воведе квалификации за Светскиот Куп во текот на сезоната, што само по себе. Според мислењето на челниците на ЕЦА од Барселона, било своевидно кршење на договорот.
Но по долго расправање, утврдено е дека со тоа ФИБА не го прекршила договореното, што индиректно значи дека Бертомеу и соработниците ќе мора да платат отштета за тоа бидејќи соработката важела се до 2015 година.


Евролигата има право на жалба на оваа одлука, но она што не е споменато во извештаите е дали има одговор на прашањето дали и кој ја спречува ЕЦА и понатаму да ја води Евролигата и сега, и покрај договорот, кој не само што не важи, туку е и раскинат предвремено.
Со оглед на тоа што се се случуваше од 2012 година па се досега во европската кошарка, очигледно е дека не постои никаква пречка за најсилните клубови да играат во натпреварувањата во кои сакаат да играат, и притоа по ниту еден основ, ФИБА не може да ги спречи во тоа.
Инаку, во тек е уште еден судски спорт помеѓу ЕЦА и ФИБА, каде канцеларијата во Минен е тужената страна, а се поради проценките на луѓето од Барселона дека уценувањето на сојузите-федерациите и клубовите дека мора да ја одберат ФИБА Лигата на Шампионите, е противзаконско. Односно дека се работи за една врста на мобинг.

 

Најново во Кошарка