ПЕТТА РУНДА ОД ЕВРОЛИГАТА

ГЕРМАНЦИТЕ ГО ОСВОИЈА БЕЛГРАД: Не оди без Перо

Поради повреда Перо Антиќ остана на трибините од каде го виде поразот на Црвена Звезда од Бросе Баскет (69:75)...

објавено: 2 ноември 2017 - 21:34


Го нема Перо Антиќ и ете проблем за Црвена Звеџа во Евролигата. Недостасуваше искусниот Македонец,, и тоа многу во составот на „црвено-белите" во мечот против Бросе Баскет.

Германскиот тим го освои Белград, победија гостите од Бамберг со (75:69), па по пет одиграни кола, српскиот и АБА шампион има негативен биланс (2-3).
Нешто порано, актуелниот европски првак, и тимот каде до лани беше Антиќ, Фенербахче, славеше победа против шпанската Валенсија (79:66), за ефект (3-2).

 

Најново во Кошарка