„ОРИГИНАЛНА ИДЕЈА" НА СРПСКИОТ СЕЛЕКТОР

ЃОРЃЕВИЌ Е НЕРВОЗЕН: А зошто да не – ШТРАЈК!

„Проблем постоеше и во НБА, па штрајкуваа. Сите во НБА, имаше 'локаут', никој не играше" - вели „Сале Национале" за актуелниот проблем во европската кошарка.

објавено: 13 ноември 2017 - 14:40

Судирот помеѓу ФИБА и Евролигата и понатаму трае, и за да биде уште потрагично, веројатно дека во скоро време тешко дека ќе се најде некое дефинитиво решение. И сето тоа создава дополнителна нервоза кај националните тимови, особено што до почетокот на прет-квалификациите, не останува многу време.

Само десетина дена имаат селекторите да го надминат овој парадокс. Да мораат да повикаат кошаркари кои најверојатно ќе немаат право да се јават на повикот, затоа што ќе бидат сакнционирани од страна на клубовите за кои настапуваат и заработуваат.

„Не треба да се лимитираме и секој да си го каже своето мислење за федерацијата, репрезентацијата или слично" - вели селекторот на Србија Александар Ѓорѓевиќ, која е една од најзасегнатите затоа што освен на играчите кои се во НБА лигата не ќе може да сметаат и на евролигашките.

„Треба сите федерации да седнат, да донесат заедничко мислење, и сита нам да ни покажат во која насока треба да оди кошарката и натпреварувањето помеѓу националните селекции. Затоа што тоа е единствениот вистински начин. Претседателите на сите сојузи да дојдат на состанок и направат една заедничка насока за политиката во однос на ФИБА и од таму да тргнеме и дојдеме до одредена соработка и начин на натпреварување "- смета „Сале Национале".

Ѓорѓевиќ оди и чекор понапред, кој може да се опише и како радикален...

„И во НБА постоеше проблем, па решија да штрајкуваат. Сите во НБА, беше 'локаут'. Не гледам причина такво нешто да се направи тука ако на сите нас некои работи не ни одговараат. Уште помалку на ФИБА, Евролигата, репрезентациите, селекторите, претседателите на федерациите. Повелете, седнете, па договорете се. Има начини како да се дојде до најдобриот можен систем за натпреварување. Мислам дека тоа во овој момент тоа не е таков случај"- дополнува тренерот на минхенски Баерн во интервјуто дадено за медиумите во Србија.

 

Најново во Кошарка