ЛУИЏИ ДАТОМЕ ПРОТИВ СВОЈОТ ГОЛЕМ ПРИЈАТЕЛ ОД ФЕНЕРБАХЧЕ

Го сакам Богдан, но сега пријателството не важи

Особено интересен ќе биде вечерва (20.30 часот), во четвртфиналниот дуел помеѓу Италија и Србија. Не само поради големото ривалство меѓу двете селекции туку и поради оние индивидуални дуели.

објавено: 13 септември 2017 - 19:10

Особено интересен ќе биде вечерва (20.30 часот), во четвртфиналниот дуел помеѓу Италија и Србија. Не само поради големото ривалство меѓу двете селекции туку и поради оние индивидуални дуели.

Како, на пример, оној клупскиот, во кој на едната страна ќе биде Луиџи Датоме, а на другата Богдан Богдановиќ.

Двајцата шампиони на Евролигата во битка за место што води во полуфиналето, на меч на кој пријателството се заборава, макар и на 40 минути.

Знам дека сите ги интересира каков ќе биде мојот дуел со Богдан. Кога е овој меч во прашање, нема пријателство. Поминавме две години заедно во Фенербахче, и многу го сакам, но пријателството останува надвор од теренот", истакнува Датоме пред вечерашната пресметка.

Не крие некогашниот НБА-играч дека е добро запознаен со квалитетите на српската селекција.

Имаат победнички менталитет, и не само сениорската репрезентација туку и оние другите. И затоа е толку силна. Погледнете ги младите категории, што сѐ освојуваат таму", додава Датоме, кој, сепак, верува во својот тим.

„Знаеме што можеме да очекуваме од Србија. Ја знаеме и нашата игра. Секој меч е поинаков. Нов натпревар, нова игра, и сѐ е поинаку", додава силното крило на „азурите" пред дуелот кој ќе го даде последниот полуфиналист на ЕП. 

Најново во Кошарка