ФЕНЕР ПРОТИВ ПАО, ЕФЕС СО ОЛИМПИЈАКОС

Грчко-турски пресметки за пат кон Босфорот

После натпреварот во Истанбул, во кој Дарушафака ја победи Црвена Звезда, познати се четирите двојки.

објавено: 7 април 2017 - 22:20

Со „последниот воз" за елиминациската рунда влета екипшата на Дарушафака. Победија момците на Дејвид Блат, и закажаа дуели со Реал Мадрид,

Како што од порано беше познато, бранителот на трофејот, ЦСКА од Москва, за место на завршниот турнир ќе се бори во дуелите со секогаш непредвидливиот состав на Басконија.
Токму „армејците" и „кралевите" се изразити фаворити додека пак во оние други две двојки, тешко дека екипите кои номинално ја имаат предноста која ја носи со себе домашниот терен, можат да ја добијат таа етикета - фаворит.
Затоа пак пресметките ќе бидат жестоки затоа што на една страна ќе бидат две екипи од Турција, а на другата две од Грција
Олимпијакос ќе го дочека Анадолу Ефес, па великанот од Пиреја ќе има сериозна шанса да се врати назад на „фајнал-фор" турнирот. Но мора да се земе в предви дека „пиварите" играат се подобро и подобро во вториот дел од сезоната на Евролигата.


Турско-грчка „војна" ќе бидат и мечевите во кои ќе се сретнат Панатинаикос и Фенербахче на нашиот Перо Антиќ. На голем испит ќе биде пред се, тренерот на „Фенер", Жељко Обрадовиќ. Србинот се враќа во Атина, каде на мегдан ќе му излезе тимот со кој ја покори Европа, Панатинаикос.
Четвртфиналните пресметки се играат на три добиени мечеви според системот „2-2-1“, а серијалот почнува на 18. април.

ДВОЈКИ - ЧЕТВРТФИНАЛЕ
Реал Мадрид - Дарушафака
ЦСКА - Басконија
Олимпијакос - Анадолу Ефес
Панатинаикос - Фенербахче

 

Најново во Кошарка