ВИ ГИ ПРЕТСТАВУВАМЕ УЧЕСНИЦИТЕ НА ЕВРОБАСКЕТОТ 2017

ГРУПА А - СЛОВЕНИЈА : „Змаевите“ имаат „пеколна петорка“

Пред почетокот на 40. издание на Евробаскетот, „Спортмедиа" ќе ви ги претстави сите 24. учесници на собирот на најдобрите европски кошаркари...

објавено: 30 август 2017 - 12:00

Словенија

Селектор: Игор Кокошков

Список на играчи
- Горан Драгич (1)
- Клемен Препелич (2)
- Едо Муриќ (3)
- Јака Блажич (2)
- Гашпер Видмар (5)
- Лука Дончиќ (2)
- Ентони Рејндолф (4)
- Миха Лапорник (2)
- Жига Димец (5)
- Матиц Ребец (1)
- Саша Загорац (4)

Резултати во прелиминарниот период:
- Словенија – Русија (унив) 79:63
- Словенија – Унгарија 84:64
- Словенија - Чешка 88:80
- Словенија - Хрватска 81:85
- Словенија - Украина 78:67
- Словенија - Израел 85:89
- Словенија - Турција 84:86

Првите пет:
- Горан Драгич (1)
- Лука Дончиќ (2)
- Едо Муриќ (3)
- Ентони Рејндоф (4)
- Гашпер Видмар (5)

Квота за победа на Евробаскет: 30
Квота за поминување на групата: 9

Анализа на тимот:
Тоа е тим кој може да биде потенцијално изненадување. Тим кој има неверојатна прва петорка која е вистинска мешавина од одлични напаѓачи и дефанзивци.
Лидерот на тимот е сигурно Горан Драгич кому ќе му помага суперталентираниот Лука Дончиќ.
Видмар е одличен дефанзивец, одлично го брани рекетот, а единственото нешто што го немаа досега беше квалитетна „четворка". Затоа го „најмија" Ентони Рејндолф кој ќе им даде ширина во нападот и ќе помогне да се заштити рекетот.
Да имаа барем уште две добри резерви, сигурно е дека ќе конкурираа(т) и за медал. Но немаат квалитетни замени за позициите 1, 4 и 5.
Многу работи ќе зависат и од играта на крилата Блажич и Препелич.

Прогноза:  четвртфинале

Играч на кој треба да му се обрне внимание: Лука Дончиќ

Најново во Кошарка