ВИ ГИ ПРЕТСТАВУВАМЕ УЧЕСНИЦИТЕ НА ЕВРОБАСКЕТОТ 2017

ГРУПА Ц - ШПАНИЈА : „Збогум“ со злато за Пау Гасол?

Пред почетокот на 40. издание на Евробаскетот, „Спортмедиа" ќе ви ги претстави сите 24. учесници на собирот на најдобрите европски кошаркари...

објавено: 30 август 2017 - 20:00

Шпанија

Селектор: Серџо Скариоло

Список на играчи
- Пау Гасол (4)
- Серхио Родригез (1)
- Хуан Карлос Наваро (2)
- Рики Рубио (1)
- Марк Гасол (5)
- Вили Хернангомез (5)
- Џоан Састре (3)
- Гулен Вивес (1)
- Пјер Ориола (5)
- Фернандо Сан Еметерио (3)
- Алекс Абринес (2)
- Хуан Хернангомез (4)

Резултати во прелиминарниот период:
- Шпанија - Тунис 71:45
- Шпанија - Белгија 71:89
- Шпанија – Венецуела 90:44
- Шпанија - Сенегал 80:69
- Шпанија - Венецуела 90:62
- Шпанија - Белгија 88:72
- Шпанија - Литванија 79:78

Првите пет:
- Рики Рубио (1)
- Алекс Абринес (2)
- Џоан Састре (3)
- Пау Гасол (4)
- Марк Гасол (5)

Квота за победа на Евробаскет: 3.00
Квота за поминување на групата: 1.27

Анализа на тимот:
И покрај тоа што почетокот на подготовките некои играчи откажаа да играат за Шпанија, и овој тим изгледа доста добро во споредба со другите.
Браќата Гасол уште еднаш го водат шпанскиот танц кон нова титула. На почетокот на подготовките, останаа без Серхио Љуљ па сега бековската линија ја формираат Рубио-Родригез.
На хартија, заедно со Франција се најсилните тимови на ЕП, ама проблем е кога браќата Гасол се надвор од игра, тогаш играта на „фуријата" значително паѓа. Пред се кога во играта е другиот братски двоец од НБА, Хернангомез. На последните мечеви Абринес ја качи формата, што е добра вест за селекторот Скариоло.
А се може да се заврши со едно старо, но секогаш актуелно прашање, дали ова ќе биде последниот Евробаскет на легендарниот Пау Гасол?

Прогноза: борба за златото

Играч на кој треба да се обрне внимание: Алекс Абринес

 

Најново во Кошарка