ВИ ГИ ПРЕТСТАВУВАМЕ УЧЕСНИЦИТЕ НА ЕВРОБАСКЕТОТ 2017

ГРУПА Д - РУСИЈА : Враќање на победничките патеки

Пред почетокот на 40. издание на Евробаскетот, „Спортмедиа" ќе ви ги претстави сите 24. учесници на собирот на најдобрите европски кошаркари...

објавено: 31 август 2017 - 10:10

Русија

Селектор: Сергеј Базаревич

Список на играчи
- Алексеј Швед (2)
- Евгениј Бабурин (1)
- Виталиј Фридзон (2)
- Владимир Ивљев (4)
- Семен Антонов (3)
- Андреј Зубков (4)
- Дмитриј Кхвостов (1)
- Тимофеј Мозгов (5)
- Андреј Воронцевич (4)
- Димитри Кулагин (2)
- Михаил Кулагин (1)
- Никита Курбанов (3)

Резултати во прелиминарниот период:
- Русија - Финска 91:75
- Русија - Израел 71:79
- Русија - Унгарија 84:69
- Русија - Германија 89:60
- Русија - Исланд 82:69
- Русија - Германија 76:79
- Русија - Србија 75:85
- Русија - Полска 78:81

Првите пет:
- Дмитриј Кхвостов (1)
- Алексеј Швед (2)
- Никита Курбанов (3)
- Андреј Воронцевич (4)
- Тимофеј Мозгов (5)

Квота за победа на Евробаскет: 80
Квота за поминување на групата: 12

Анализа на тимот:


Откако го освоија европското злато со Дејвид Блат (во 2007 година), русите сакаат да се вратат на старите патеки. Сега, лидер на тимот е Алексеј Швед на кого се чини дека најмногу ќе му помагаат играчите на ЦСКА, кои гиима најмногу во тимот на Сергеј Базаревич.
Но на оваа екипа дефинитивно и треба еден добар плејмејкер, затоа што се пред се, Кхвостов и оваа селекција на бекови не можат да ја одработата оваа задача.
Исто така „тенка" е и руската клупа, па кога играчите од првата, и ударна петорка се на клупата, работите излегуваат од контрола.

Прогноза: Осминафинале

Играч на кој треба да му се обрне внимание: Алексеј Швед

Најново во Кошарка