ПОЗНАТ ПОСЛЕДНИОТ УЧЕСНИК НА „ФАЈНАЛ-ФОРОТ“ ВО ЕВРОЛИГАТА

И Олимпијакос во Истанбул

Олимпијакос е екипата која ја доби „мајсторката" со Анадолу Ефес (87:78), доволно за конечни (3-2) во четвртфиналата серија од плеј-офот,  и ќе игра на завршниот турнир од ова издание на Евролигата.

објавено: 2 мај 2017 - 22:17

Олимпијакос е екипата која ја доби „мајсторката“ со Анадолу Ефес (87:78) и ќе игра на завршниот турнир од ова издание на Евролигата.

Атинските „црвено-бели“ беа многу подобри од својот противник од Истанбул. Oсобено тоа се однесува на второто полувреме во кое направија и играчка и резултатска разлика. Во третиот период, кој го добија со (26:17), оние -4 од полувремето (37:41), ги претворија во предност (63:58), која ја сочуваа во последната четвртина. 

Василис Спанулис го предводеше и овојпат својот тим. Реализираше 22. поени и 6. асистенции, а добри помагатели имаше во Принтезис (14. поени), Грин кој имаше 10, додека пак на Бирч му недостасуваше само еден поен да има двоен ефект 99 поени и 11. скока).

 А во последниот евролигашки меч на „пиварите“ за оваа сезона, дури петмина играчи имаа по десет реализирани поени (Томас, Уертел, Грејнџер, Браун и Хонејкат), додека „нашиот“ Џеди Осман беше на најефикасниот во составот на Велимир Перасовиќ.  Охриѓанецот беше стрелец на 11. поени, а имаше и три скока и две асистенции.

Со тоа се комплетира и онаа финална „четворка“ која ќе се бори за шампионскиот пехар. Освен бранителот на трофјеот, московска ЦСКА, на истанбулскиот евролигашки самит, од 19. до 21. мај, ќе се појават и „домашниот“ Фенербахче на нашиот Перо Антиќ, и мадриски Реал. 

Такви се и двојките на турнирот кој же се игра во „Синан Ерден“ Арената.

Во првото полуфинале, реприза на ланското, ќе играат Реал Мадрид и Фенербахче, додека пак во второто, Олимпијакос оди на бранителот на пехарот - ЦСКА

Најново во Кошарка