ТИМОТ ОД „ГРАДСКИ ПАРК“ СЕ ВРАЌА ВО ЕВРОПА

И Работнички со пријава за Лигата на Шампионите

„Црвено-белите“ испратиле пријава за учество во квалификациите од Лигата на шампиони. Но дали ќе играат, ќе одлучат челниците на ФИБА, затоа што Македонија има само едно место во тоа натпреваруавње. 

објавено: 21 јуни 2017 - 18:20

Раководството на Работнички сака во следната сезона македонскиот најтрофеен клуб да игра во квалификациите од ФИБА Лигата на шампиони.

И официјално, клубот од „Градски парк“ испратил пријава до ФИБА, и во наредниот период ќе се обиде да влезе во ова ново натпреварување кое во минатата сезона првпат се појави, и во него играат доста силни екипи и прваци на десетина европски земји, меѓу кои и италијанскиот.

Но, Светската кошаркарска федерација на Македонија и дава едно гарантирано место во квалификациите, па Европската федерација ќе треба да одлучи дали ќе му даде предност на Карпош Соколи или пак на Работнички.

Како и да е, вториот пријавен македонски клуб ќе биде ставен на листа на чекање, а како што стојат работите во моментов, има голема шанса Македонија да има два клуба во квалификациите кои ќе бидат доста тешки. Особено ако се земе в предвид дека ќе треба да се минат дури три кола, пред да се влезе во групната фаза.

 

Најново во Кошарка