ФИБА РЕАГИРА НА ЕВРОЛИГАШКИОТ КАЛЕНДАР

Играчка дилема: клуб или репрезентација?

Светската кошаркарска асоцијација, ФИБА, изрази разочарување од новиот календар што го објави Евролигата, во кој нема предвидено пауза во термините кога ќе се играат репрезентативните натпреварувања.

објавено: 7 јули 2017 - 17:10

Светската кошаркарска асоцијација, ФИБА, изрази разочарување од новиот календар што го објави Евролигата, во кој нема предвидено пауза во термините кога ќе се играат репрезентативните натпреварувања.

Ова ќе значи дека кошаркарите што настапуваат во евролигашки екипи, нема да може да бидат со своите репрезентации во квалификациите за Светското првенство, во термините ноември годинава и во февруари 2018 година.
Ваквиот потег на Евролигата оштетува голем број европски селекции, особено оние најквалитетните. Од друга страна, им се дава шанса на помалите да приредат изненадување против некој фаворит, кој би играл драстично ослабен и некомплетен.
Од македонските интернационалци и потенцијални репрезентативци, во Евролигата ќе настапуваат најмногу двајца, Перо Антиќ и Џордан Теодор.
ФИБА ја потсети Евролигата на писмото од 10 ноември 2016, во кое се тврдеше дека нема да ги попречува своите играчи за настапите за репрезентациите. Вака излегува дека играчите се ставени во многу непријатна позиција, сами ќе треба да одлучат дали да играат за клубот или за својата репрезентација, а со тоа и самите да ја сносат одговорноста и да ги трпат евентуалните последици. Постои опасност од конфликти помеѓу клубовите, играчите и националните федерации.
Во ФИБА сметаат оти проблемот ќе се избегнел ако Евролигата почнела една недела порано во октомври и со вметнување едно дополнително коло во вторник. Идејата за воведување „прозорци" среде клупска сезона и ваков систем е со цел публиката во помалите земји да гледа квалитетни гостински селекции.

Евролига го објави календарот
Челниците на Евролигата го објавија и „редоследот на возење" во следната натпреварувачка сезона. Согласно со тоа ги формираа и оние 30. кола од регуларниот дел на Евролигата.
Првото коло од новата сезона во која Фенербахче го брани пехарот освоен на домашен терен во Истанбул ќе се игра на 12 и 13 октомври, а ќе се сретнат:
Анадолу Ефес- Реал Мадрид, Бросе Баскет – Макаби, ЦСКА – Армани, Олимпијакос, Басконија, Уникаха – Фенербахче, Барселона – Панатинаикос, Химки – Валенсија, Жалгирис – Црвена Звезда.

Најново во Кошарка