ДЕЈВИД БЛАТ МУ ОДГОВОРИ НА СВЕТИСЛАВ ПЕШИЌ:

Играта во НБА е поинаква од онаа во Евролигата

Само делумно, актуелниот тренер на Олимпијакос се сложи со српскиот колега предводник на Барселона, кој изјави дека во Евролигата се игра најдобрата кошарка на светот...

објавено: 11 јануари 2019 - 22:35

Само делумно, актуелниот тренер на Олимпијакос се сложува со српскиот колега предводник на Барселона, Светислав Пешиќ кој изјави дека во Евролигата се игра најдобрата кошарка на светот...

„Ќе ви кажам што мислам за таа тема: Играта во НБА е поинаква од онаа во Европа и во Евролигата. Не се работи дали е подобро или помалку полошо квалитативно гледано. Не се сложувам со тој дел од изјавата. Но разбирам каде господинот Пешиќ ја гледа разликата во играта, затоа што таа постои. Натпреварите се различни и јас лично сум го видел и почувствувал тоа"- рече Дејвид Блат по поразот на Олимпијакос од Реал во Мадрид. „Тоа е една поинаква врста на кошарка, постојат различни правила, поинаков распоред кој го имате, играчите и начинот на кој се градат тимовите се различни".

Како што е познато, Блат беше и прв тренер на Кливленд година и пол пред да биде отпуштен во јануари, 2016 година. И покрај тоа што екипата од Охајо имаше најдобар резултат во НБА лигата.

Пред доаѓањето во НБА со Макаби од Тел Авив ја освои Евролигата, момент кој се случи во 2014 година.

„Квалитативно, не би рекол дека еден натпревар е подобар од другит. Апсолутно не. Но многу добро го препознавам и го разбирам размислувањето на Пешиќ во смисол на разликите и начинот на кој мечот се игра. Се игра доста различно. Под различни околности... Играчи, правила, има тука доста разлики" - смета еден од најдобрите европски тренери во изминатата деценија, па и повеќе.

Најново во Кошарка