ДЕНЕСКА СЕ ИГРА „ВТОРАТА ПОЛОВИНА" ОД ОСМИНАФИНАЛЕТО НА ЕП

Истанбул – вистинска место за мерење на вредностите (ВТОР ДЕЛ)

Почна нокаут фазата, во која нема место за „поправен испит". Во „Синан Ердем" Арената денеска ќе ги добиеме другите четири селекции кои ќе играат и во четвртфиналето...

објавено: 10 септември 2017 - 10:16

Почна нокаут фазата, во која нема место за „поправен испит". Во „Синан Ердем" Арената денеска ќе ги добиеме другите четири селекции кои ќе играат и во четвртфиналето...

 11.30: Летонија – Црна Гора

Најава за пеколно тежок меч за играње, за двете екипи. Секоја од нив има свои адути. Но со забелешка дека Летонците одлично ја одиграа групната фаза, од меч во меч се гледа(ше) нивниот напредок во играта. И навистина Богдан Тањевиќ ќе има тешка задача да постави вистинска тактика против Порзингис и соиграчите.


Играат брзо, шутираат од сите позиции, а освен Порзингис, и браќата Бертанс, но и Блумс, Стрелниекс знаат да погодат кога сакаат. Затоа Црногорците ќе имаат проблеми во одбраната.
Шанса за Црна Гора е поставка на една позициска игра, со нешто поспоро темпо да ги намалат и бројот на нападите на Летонците. Што се вели да одат на „мал резултат".
Веројатно Црна Гора е за нијанса подобра на центарските позиции, па и тоа треба да се земе в предвид, макар што реално, шансите за премин во четвртфиналето се „пола-пола".

14.15: Србија – Унгарија
Србија заслужува и малку среќа, барем за она што им се случуваше за време на подготовките во кои останаа без „половина тим". Ги погледна во онаа прва фаза кога со „помош" на Лeтонците стигнаа до позицијата број 1, и доста полсен распоред во елиминициската фаза.


За очекување е Србија да ја совлада Унгарија која направи историски резултат на ова ЕП. Пред се затоа што четата која ја одбра Александар Ѓорѓевиќ е премногу квалитетна во однос на унгарскиот тим каде се некако се сведува на двоецот Ханга-Војвода.
Проблем на „орлите" ќе биде да го најдат оној вистински пристап кон обврските. Не смее да има никакво опуштање против тимот со најмал коефициент во осминафиналето.

17.45: Шпанија – Турција
Дерби на осминафиналето, дефинитивно... Шпанија имаше лесна задача во групната фаза во Клуж, па многумина тоа го нарекуваат како продолжени подготовки за нив.


Како и да е, Шпанците имаат квалитет, играат одлично, освен тоа навикнати се да играат под притисок и полна сала, која треба да е турскиот адут во овие 40. Минути.
Впечаток е, особено по виденото на петте дуели во групата „Д" дека Турција нема што да бара во овој натпревар. Но, така било и порано, во некои други времиња, па Турците знаеле да изненадат.
Сега нивните шанси се најмали...

20.30. Хрватска – Русија
Во вечерта на дерби дуелите од вториот ден од осминафиналето, последната е можеби и најнеизвесна. Хрватска и Русија влегуваат со пдоеднакви шанси за четвртфинале. Досега имаа(т) по еден пораз, макар што оној на „коцкастите" против Шпанија е донекаде и очекуван.

Русија ја совлада Србија, но загуби од Летонија, што вели дека е спремна да победи и други големи тимови, а хрватскиот несомнено е таков.
Затоа е извесно дека ќе одлучуваат оние индивидуални квалитети на поединци од двете страни. Русите ги имаат Швед и Мозгов, Хрватите пак Богдановиќ и Шариќ. И тука е нерешено, па нема да биде чудно ако се биде одлучено во последните минути од овој последен осминафинален меч.

ОСМИНАФИНАЛЕ – РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ
ДЕНЕСКА:
11.30: Летонија – Црна Гора
14.15: Србија – Унгарија
17.45: Шпанија – Турција
20.30. Хрватска – Русија
ПРВ ДЕН
Словенија – Украина 79:55
Германија – Франција 81:84
Финска – Италија 57:70
Литванија – Грција 64:77

 

Најново во Кошарка