НЕ МУ ТРЕБАШЕ МНОГУ ВРЕМЕ ДА СЕ ЈАВИ...

ЈАНАКОПУЛОС ГО ВРАТИ УДАРОТ: Кога нешто ќе пропадне...

Првиот човек на Панатинаикос Димитрис Јанакопулос најави состанок со останатие клубови од Евролигата за време на финалниот турнир во Белград...

објавено: 4 мај 2018 - 21:30

После разговорите кои ги имаше со Патрик Бауман, генералниот секретар на ФИБА, во Атина, претседателот на „зелено-белите" од Атина говореше за Евролигата, но и за ФИБА Лигата на Шампионите.

"Кога ќе видите дека нешто пропаднало, треба да ги разгледате сите опции. За Панатинаикос тоа ќе биде натпреварување кое заслужува внимание на неговите навивачи. Сакам да бидеме дел од натпреварувањето кое ќе биде почитувано. Евролигата не успеа во тоа, тоа сите го гледаат. Одржан е состанок на клубовите, иако се сомневам дека сите го прочитале она на кое се потпишале"- вели контроверзниот Грк.

„Кошаркарската Лига на Шампионите постои со години, и веќе направи чекор напред. Со Панатинаикос би напредувала уште побрзо. Сепак, што сме одлучиле да биде конечно ќе можам да ви кажам дури откако ќе потпишеме договор. Планиравме состанок со другите клубови во Белград"- најави Јанакопулос

Поради овој негов контроверзен начин на однесување, клубовите со „А" лиценца во најсилното европско натпреварување најавија и тужба поради нарушување на угледот. .

Најново во Кошарка