ТАКА ТОА ГО РЕШАВА ЕВРОЛИГАТА:

Јанакопулос пократок за 30.000 евра, ќе ги плати и претходните казни „тешки" 410.000 евра!!!

Дисциплинската комисија на Евролигата го казни сопственикот на Панатинаикос Димитрис Јанакопулос со 30.000 евра поради коментарите изречени по средбата со Олимпијакос.

објавено: 17 ноември 2018 - 08:00

Минатата недела Панатинаикос го победи Олимпијакос во дерби мечот на Евролигата, а после тој меч Јанакопулос ги обвини официјалните лица дека добиле пари од нивниот најголем противник.

Комисијата заклучила дека изјавите на Јанакопулос му нанесуваат голема штета на ова натпреварување.
А како последица на ова, Евролигата одлучи да ги активира и казните за претходните испади, а кои беа суспендирани во октомври минатата година.
Станува збор за две казни, една од 160.000, а другата од 250.000 евра!
Како што се додава, забраната за присуство на натпреварите и понатаму останува „замрзната", но и таа ќе биде активирана во случај на ново прекршување од страна на Јанакопулос.
Инаку, покрај првиот човек на ПАО, казнет е и клубот, со вкупно 6.000 евра поради непримерено однесување на навивачите на истата средба. Освен тоа ПАО е казнет и со дополнителни 2.500 евра поради користење на ласер од страна на нивните навивачи, а со 3.500 евра поради однесувањето на поединци на ВИП местата покрај теренот.
Или вкупно 12.000 евра кои ќе се додадат на оние претходните, тоа е веќе цифра од која боли глава – 452.000 евра кои треба да ги плати Димитрис Јанакопулос на сметата на Евролигата.

Најново во Кошарка