НАПРАВИ РЕЗУЛТАТ ЗА ПАМЕТЕЊЕ СО ЖАЛГИРИС, НО...

ЈАСИКЕВИЧИУС ПРИЗНАВА: Луда е оваа тренерска работа, допопнително „побелев" после мечот со ЦСКА

објавено: 21 мај 2018 - 22:05

Кошаркарите на Жалгирис го освоија третото место на „Фајнал-фор" турнирот во Белград. Во драматична завршница беа подобри од ЦСКА (79:77).

А тренерот на литванскиот првак, Шарунас Јасикевичиус не го криеше задоволството поради одличната сезона која е крунисана со позицијата број 3 во Евролигата.

„Им честитам на играчите, бавивачите и на целито клуб за сјајната сезома. Игравме сјајна кошарка. Горд сум на нив поради сето она што го направија, а особено на мечот со ЦСКА" – рече Јасикевичиус.

Легендарниот литвански кошаркар, сега на пат да биде уште поуспешен тренер, се обиде да објасни поради што дошло до опуштање кај неговите играчи.

„Игравме сјајно, но потоа малку се опуштивме. Како да дојде до некој грч, мислевме дека е готово. Но такво опуштање против екипи како ЦСКА не смее да има. Малку недостасуваше да ја платиме цената за тоа. Сепак, тоа не намалува ништо, ова е одличен резултат" – истакна тренерот на Жалгирис.

Популарниот Шарас се обиде да спореди која работа е полесна, играчката или тренерската...

„Тренерскиот повик е лудница. Една од најтешките работи. Секако, има и полоши работи, но ако ја споредуваме тренерската работа со онаа играчката, оваа е значително потешко. Ми се чини дека добив нови 'бели влакна' после овој меч. Да се биде професионален играч во некој спорт е најдобрата работа на светот. Додека пак во оваа работа има многу повеќе нервоза и тензија" – заклучува Јасикевичиус.

Најново во Кошарка