МАКАБИ Е ПОДГОТВЕН ЗА СЕРИОЗНИ ПРОМЕНИ

Јасикевичиус во Тел Авив со „2+1"договор?

Актуелниот шеф на струката во Жалгирис е „веќе виден" на кормилото на „Гордоста на Израел"

објавено: 20 април 2017 - 21:20

Дали може „љубовта да се врати", односно Шарунас Јасикевиочиус повторно да биде дел, да се „заљуби" во Макаби, и да се врати и живее во Тел Авив?

Еден од најдобрите бекови кои ги имала Европа, а сега успешен како тренер на литванскиот Жалгирис, повторно е поврзуван со израелскиот кошаркарски гигант.


Еден од угледните кошаркарски новинари во Израел, Рој Гледстоун како ексклузивна ја најавува веста дека двете страни ќе се согласат на договор, според кој Јасикевичиус треба да остане со „Гордоста на Израел"две години, а како опциска е ставена и третата.
Засега, нема никаква реакција од Макаби, додека пак, наводно, популарниот „Шарас" рекол дека ќе одговори на една ваква информација дури откако сезоната ќе биде завршена.
Актуелен шеф на струката кај „сино-жолтите" е Еинарс Багацкис, кој не успеа да го поправи ефектот на екипата. Особено во оние евролигашки пресметки по кои славниот клуб не успеа да влезе во онаа ТОП 8 четвртфинална фаза.
Дури и беше многу далеку од тој пласман, што и тоа како ги зголемува шансите за Јасикевичиус да „фати" серизен, и пред се богат договор кој наводно го чека заедно со понудата која веќе ја испратил Шимон Мизрахи.

 

Најново во Кошарка