ПРВИ ПОЛУФИНАЛНИ МЕЧЕВИ ВО ЕВРОКУПОТ

КАКОВ ШОК ЗА БАЕРН ВО ИСТАНБУЛ: На баварците им беа малку и плус 23 коша (ВИДЕО)

Екипите на Локомотив Кубан и на Дарушафака ја сочуваа предноста која им ја носи домашниот терен во првите натпревари од полуфиналето на Еврокупот.

објавено: 20 март 2018 - 20:54

Рускиот состав без особени проблеми славеше со убедливи (82:65), против италијанската Реџо Емилија. Затоа пак многу подраматично беше во Истанбул, каде Дарушафака го дочека минхенски Баерн.

Иако германскиот состав имаше минимално водство од (74:73) и напад во финалните секунди, сепак не направи брејк. По загубената топка на Стефан Јовиќ, и тајм аутот кој го побара Дејвид Блат, со тројката на Стентон Кид, турскиот состав победи со (76:74).
И не само тоа, „Дачка" надополни негатива од неверијатни 23. поени (24:47) во која влезе пред крајот на втората четвртина.
Затоа секоја чест, Дарушафака се стекна со водство од (1-0) во серијата која за три дена се сели во главниот град на Баварија.
ЕВРОКУП – ПОЛУФИНАЛЕ
РЕЗУЛТАТИ – ПРВИ НАТПРЕВАРИ
Локомотив Кубан – Реџо Емилија 82:65 (1-0)
Дарушафака - Баерн 76:74 (1-0) 

 

 

 

Најново во Кошарка