Атина нуди историски евролигашки спектакл

Калимармаро ќе биде домаќин на јубилејниот „фајнал-фор"?

Првиот човек на грчкиот прволигаш Панатинаикос Димитрис Јанакоулос најави дека е во завршни преговори со Евролигата за добивање на организацијата на „Фајнал-фор" турнирот во 2020 година.

објавено: 3 октомври 2018 - 16:30

Станува збор за јубилеен настан на кој би се одбележиле две децении од постоењето на Евролигата, поради што сите сакаат да влезат во кругот на кандидати за домаќин.

Сепак, грчката престолнина, сепак, е на најдобар пат да дојде до организацијата, кој се најавува дека ќе биде спектакуларна.
Причина за тоа е податокот што средбите не би се одиграле во „ОАКА" арената на Панатинаикос, туку на „Панатенаик стадионот", кој е попознат како „Калимармаро".

Еден спортски објект на отворено, изграден уште во шестиот век, а кој бил целосно реновиран за првите модерни Олимписки игри во историјата во 1896 година.
Инаку оваа сезона „Ф4" турнирот во Евролигата ќе се одржи во шпанската Виторија.

Најново во Кошарка