ВЕЧЕРВА ВО ИСТАНБУЛ Е ГОЛЕМОТО ЕВРОЛИГАШКО ФИНАЛЕ

Кој смее да се обложи против Олимпијакос?(ВИДЕО)

Дали „домаќинот", Фенербахче има сили и знаење да ја прекине „традицијата" која вели дека тимот од Атина не знае за пораз во последниот натпревар нд „фајнал-фор" турнирите?

објавено: 21 мај 2017 - 18:00

Вечерва во Истанбул, нешто по 22. часот кошаркарска Европа ќе добие нов владетел. Само не се знае кој ќе биде тој?

Даки за првпат во своето постоење тоа ќе биде Фенербахче, или пак по трет па за кратко време (или четврти во историјата) во таа улога ќе биде Олимпијакос?
Прашањата се многу, дали ќе победи тренерската филозофија на Жељко Обрадовиќ, или пак онаа на Јанис Сферопулос?
Дали Василис Спанулис и Јоргос Принтезис се подобри од Богдан Богдановиќ и Екпе Јудо?
Или на крајот на краиштата, дали ќе триумфираат турските „милиони", или атинската тврдоглавост.
Фенербахче или Олимпијакос, прашањето е сега?


Дефинитивно, малкумина се оние кои предвидуваа дека атинските „црвено-бели" ќе стигнат до онаа последна станица на Евролигата. Пред се поради фактирте кои говореа дека ЦСКА делува скоро па непобедливо, и дека „армејците" се подготвени да го одбранат тронот.
Меѓутоа „крлежот" во континенталната кошарка повторно им „влезе под кожата" на московјаните, и со неверојатна упорност стигнаа до финалето.
Од друга страна пак, четата на Жељко Обрадовиќ одработи релативно лесна работа во полуфиналето со Реал Мадрид, па закажа уште едно учество во ново спектакуларно финале вечерва од 20. часот во „Синан Ердем" домот во Истанбул.
Јасно е, во „градот на Босфорот" сите до еден ќе заклучат: „кога, ако не сега"?
Оние другите пак имаат спремен одговор – „повторно ние"...
И зошто да не, ако се земе во предвид дека за атинскиот гигант нема непобедливи тимови, тие не постојат. Макар што и против „Фенер" ќе бидат во една аутсајдерска улога, барем на хартија.
Но сега, извесно е тоа, „Оли" ќе се соочи со едно тактичко совршенство, во кое оние индивидуални решенија, секако кога не е време за нив, се едноставно кажано,забранети.


„Играме пред својата публика, и тоа секако ќе биде мотив за сите нас. Во последно време Олимпијакос стигнуваше до финалето со четири различни тренери, и спаѓа во редот на најдобрите клубови во Европа. Се надевам дека сите кои ја сакаат кошарката вечерва ќе уживаат во неа" - истакна Обрадовиќ на прес-конференцијата пред ова големо финале, второ по ред за неговиот тим во трите последувателни учества на „фајнал-форот".

Неговиот колега Јанис Сферопулос знае дека Фенербахче стигна до посакуваната форма, што ја прави нивната задача во финалето уште потешка.

„Го одигравме само првото полувреме... Мораме да бидеме подготвенн, за ментално тежок натпревар. Фенербахче е во најдобрата форма од почетокот на сезоната. А финалниот меч ќе биде потполно поинаков од претходните два кои ги одигравме во лигашкиот дел. Улогата на фаворит му ја препуштаме на Фенер" - вели во најавата грчкиот стручњак.

Фенербахче е можеби фаворитот, но се сомневаме дека има и такви кои би се осудиле да се обложат на сигурна победа на „домашната екипа" во овие 40 (можеби и повеќе) минути од финалето кое ќе го судат Шпанецот Дени Херзуело, Борис Рижик од Украина и Олег Латишевс од Летонија.

1:1 во регуларниот дел
Кога станува збор за досегашните натпревари на двата финалисти во оваа сезона од Евролигата, резултатот е нерешен (1:1).
Олимпијакос лесно славеше во „Мир и пријателство" во Атина со (71:62), а навистина малку недостасуваше да бидат победници и на гостувањето во „Улкер спорт арената".
Во Истанбул, „црвено-белите" беа во позитива од 11. поени. Но дозволија фуриозна серија на „Фенер", изразена преку (15-0), со која „се врати во живот" и победи, дури и тесно, со (67:64).

 

Најново во Кошарка