ФИБА ГИ ФОРМИРАШЕ ТОП 16 ДВОЈКИТЕ

Кон ново учество на „фајнал-фор“, Банвит оди на Нантер (ВИДЕО)

Ждрепката со која раководеше некогашниот генерален секретар на МКФ, Дејан Лекиќ го спои турскито претставник кој го предводен од нашите Сашо Филиповски и Бобан Митев, со францускиот претставник.

објавено: 14 февруари 2018 - 16:00

ФИБА Лигата на шампионите со сета сила се обидува да биде пандан на Евролигата. Засега тоа не оди според очекувањата, но како и да е, и во ова натпреварување кое го организира Светската кошаркарска федерација, се дојде до онаа ТОП 16 фаза, односно плеј-офот.

На ждрепката која денеска се одржа во швајцарскиот Мие, а со која раководеше Дејан Лекиќ, некогашниот генерален секретар на МКФ, а сега официјално лице на ФИБА вклучено токму во овој проект, „македонскиот" Банвит, екипата која ја предводат двајца наши тренери, Сашо Филиповски и Боби Митев за противник во битката за четвртфиналето го доби францускиот Нантер.
Ако ја минат оваа пречка, „портокаловите" од Бандрима одат на подобриот од двомечот Монако-Зијелона Гора.
Во оваа осминафинална фаза интересно ќе биде и во шпанската пресметка, Мурсија-Тенерифе, но и во германската каде се среќаваат Олденбург и Лудвисбург. Неизвесност се очекува да донесе турско-грчкиот двобој помеѓу ПАОК и Пинар Каршијака.

Првите мечеви ќе се играат на 6/7 март, додека пак реваншите се планирани за 13 односно 14. март. Четвртфиналната фаза се игра во периодот од 27. април до 4. април, додека пак завршниот турнир, популарниот „Фајнал-фор" е на програмата од 4 до 6. мај.

ТОП 16 ДВОЈКИ

Нантер- Банвит
Зијелона Гора – Монако
ПАОК – П. Каршијака
Мурсија – Тенерифе
АЕК – Нимбурк
Нептунас – Стразбур
Олденбург – Лудвисбург
Бајројт – Бешикташ

 

Најново во Кошарка