ШОК ВО ИСТАНБУЛ, МАКАБИ ГО ИЗНЕНАДИ „ФЕНЕР"

Ландсберг побрз од сирената (ВИДЕО)

Перо Антиќ имаше убава серија од осум поени во третата четвртина, но на крајот „жолто-сините" беа казнети со минимален пораз (79:81) од оваа година очајниот Макаби.

објавено: 21 март 2017 - 20:34

Откако беа сигурни во првиот период, кој го добија со десет поени разлика (25:15), домашните кошаркари попуштија во вториот. Доволно гостите од Израел да намалат на достижен минус од три поени (38:41).

А во тоа прво полувреме, поточно во втората четвртина, нашиот Перо Антиќ одигра скоро четири минути во кои имаше еден скок, и еден нереализиран удар за три поени.
„Фенер" продолжи во ист стил - лошо. Макаби направи серија од (15-6), со која го превзема водството (53:47), по 25. минути од играта во „Улкер Арената" во Истанбул.
Но токму со осумте поени на Антиќ (две тројки и две слободни фрлања), Фенербахче се врати назад во мечот. Со „контра-серија" од (10-1) „жолто-сините" го вратија водството, имаа плус три, (57:54).


Тоа беше и најголемата разлика која ја имаа домаќините, а на 29 секунди пред крајот ја стигна Александер, кој погоди за (79:79). Во нив прво погреши Боби Диксон, а најдобриот играч на „Гордоста на Израел" на овој меч, Ландсберг беше побрз од сирената за шок во Истанбул (81:79).

 

Најново во Кошарка