ФРАНЦУЗИНОТ СО ШОКАТНО ПРИЗНАНИЕ

ЛЕО ВЕСТЕРМАН: Бев на чекор до ампутација на ногата!

Плејмејкерот на московска ЦСКА откри дека малку недостасувало ногата да му биде ампутираат после мечот од ВТБ лигата помеѓу „армејците" и ВИФ Рига во октомври минатата година.

објавено: 16 април 2018 - 22:20

Плејмејкерот на московска ЦСКА откри дека малку недостасувало ногата да му биде ампутираат после мечот од ВТБ лигата помеѓу „армејците" и ВИФ Рига во октомври минатата година.

На тој натпревар, францускиот репрезентативец сериозно ја повреди могата по што уследила итна хируршка интервенција.

„Во тој меч во Рига добив еден директен удар во артеријата, но тоа не беше веднаш откриено, Ногата ме болеше ужасно цела вечер. Кога се разбудив, видов две големи дупки на ногата. Хирургот рече дека ќе морал да ја ампутира ако поминале уште неколку часа од посетата кај него" - изјави Вестерман.

Резервниот плеј на ЦСКА претходно имаше и друг проблем, мораше да ги оперира и предните вкрстени лигаменти на коленото како играч на Партизан, а по санирањето на коленото, продолжи со играњето во Лимож и во Жалгирис.

Најново во Кошарка