МАЈКАТА НА СЛОВЕНЕЧКАТА СЕНЗАЦИЈA ВЕЛИ:

Лука можеби нема да се појави на НБА драфтот (ВИДЕО)

Постои голема веројатност Лука Дончиќ да не биде дел од јунскиот спектакл во Бруклин кога НБА лигата ќе го реализира денот предвиден за драфт-избор(и)...

објавено: 31 март 2018 - 13:05

Постои голема веројатност Лука Дончиќ да не биде дел од јунскиот спектакл во Бруклин кога НБА лигата ќе го реализира денот предвиден за драфт-избор(и)...
Не е никаква тајна дека Лука Дончиќ е „проектиран" да биде можеби и прв пик на драфтот во 2018 година, оној кој треба да се одрќи во јуни во Брукилн.
Но постојат големи шанси најголемата млада кошаркарска ѕвезда во Европа да се појави на драфт-изборот.
Неговата мајка Мирјам Потербин вели дека Лука можеби ќе го пропушти изборот закаќан за 21.јуни во Брукли.
Односно дека барем физички не може да присуствува на овој настан.

„Ако дојде до четвртти меч од финалето на плеј-офот, Лука најверојатно нема да отпатува за САД"- тврди неговата мајка, која беше дел од гледачите на синоќешниот меч во Белград.


Оној каде токму Дончиќ, со тројката на неполна секунда пред крајот му донесе победа на Реал Мадрид (82:79) против Црвена Ѕвезда.
Опција плус е да не се игра 4.мчел од серијата вели Миријам Потербин.

„Ако се биде решено во три натпревари, со драго срце Лука ќе оди за Бруклин"- дополнува.

Рела е прв фаворит за титулата во Шпанија, каде вообичаено првенството трае подолго отколку во другите земји во Европа. Но ако „кралевите" ја искомплицираат ситуацијата, и големото финале продолжи до максимални пет натпревари, тогаш јасно е дека онаа претходната ќе се игра токму на датумот на драфт-изборот во Бруклин на кој се предвидува дека младиот 19.годипне Словенец може да биде одбран и како прв.
Тоа би бил навистина голем преседан, затоа што тој сепкакл, би останал без својата шрва ѕвезда.
Но како и да е, секогаш постои и резервна варијанта која ја даваат модерните средства за комуникација. Па ако и биде така, сигурно ќе има некој „видео-мост" на релација Шпанија-САД.

Најново во Кошарка