ЦРВЕНА ЗВЕЗДА ГОСТУВАШЕ ВО МАДРИД , А ТАМУ ЧУДО

МАЈСТОРОТ Е МАЈСТОР: Перо ги построи „кралевите"(ВИДЕО)

На 7.7 секунди пред крајот, Перо Антиќ го погоди најважниот шут. Погоди тројка со која го шокираше Реал Мадрид (87:83)

објавено: 1 декември 2017 - 23:02

Храбро одиграа „црвено-белите" во првиот дел од играта, особено во втората четвртина кога и стигнаа до предноста од (46:39).

Откако ги погоди првите два шута (за три и за два поени), Перо Антиќ застана на бројката од пет реализирани поени, а за десет минути во игра, нашиот интернационалец додаде и еден скок.
Рочести и Бјелица (комбинирано 23. поени) го неутрализираа одличниот ефект на Лука Дончиќ, кој беше скроо непогрешлив и стигна до 12. поени во првото полувреме.
По втората тројка на Антиќ (11. тимска), гостите од Белград во 26.минута остварија највисоки (60:47). А на истекот на третата четвртина сосема солидни, високи (67:58).
Сепак, Реал дојде на само „пола-кош" негатива (66:67), но Црвена Звезда го имаше Немања Дангубиќ кој погоди две тројки по ред и ја врати позитивата на седум ппоени (76:69), каква што беше и на полувремето.
Јуначки се држеа гостите од Белград, пред се благодарение на одличниот шут од далечина.
Тоа и пресуди...
А пресудата ја донесе никој друг, туку Перо Антиќ. На истек на нападот, и на 7.7 секунди пред крајот, Македонецот ја погоди тројката на мечот.
Трета за него, а 17 за Црвена Звезда, и што е уште поважно, за победа (87:83).
За неверојатен крај, и ефект од 11 поени, 4. скока, една асистенциија и загубена топка за 25:34 минути во игра за нашиот ас.
Оваа вечер, ЦСКА убедливо ја совлада Барселона (92:78) и го сочува лидерското место во Евролигата, а одличната форма ја потврдија и кошаркарите на Панатинаикос кои беа подобри од Уникаха со (82:71).  

Најново во Кошарка