ДАЛИ Е ТОА МОЖНО

Макаби дочекан во Истанбул со нацистичка порака!

Кошаркарите на „гордоста на Израел" допатуваа во турскиот мегаполис, каде вечерва ќе играат против Дарушафака како дел од 11. коло на Евролигата.

објавено: 6 декември 2018 - 12:00

Кошаркарите на „гордоста на Израел" допатуваа во турскиот мегаполис, каде вечерва ќе играат против Дарушафака како дел од 11. коло на Евролигата.
А во хотелот во кој се сместени ги дочека една нацистичка порака, залепена на еден од прозорите.

Тој натпис го фотографираше кошаркарот на израелската екипа, Џејк Коен, и многу брзо го подели на социјалните мрежи, со опис на фотографијата додаде и хаштаг:„Ние паметиме".
„Arbeit Macht Frei" е една од фразите која стоела на влезовите на концентрационите логори, вклучително и Аушвиц, за време на Втората светска војна.
А во превод би значела „Работата ве ослободува".

 

Најново во Кошарка