Вечер на фаворитите

Макаби се намачи за победа, рутина за ЦСКА, Фенер и Панатинаикос

Фаворитите доминираа вечерва во Евролигата и на 4 меча забележаа победи, предводени од актуелниот европски првак Фенербахче

 

објавено: 11 јануари 2018 - 22:35

Фаворитите доминираа вечерва во Евролигата и на 4 меча забележаа победи, предводени од актуелниот европски првак Фенербахче.

Турскиот состав славеше убедливо на гости кај Валенсија со 80:67, предводени од триото Гудуриќ, Датоме и Томпсон, кои искомбинираа 42 поени, повеќе од половина од целиот тим на Фенербахче.

ЦСКА Москва го декласираше Милано во Италија со 107:81, предводен од Нандо де Коло со 24 поени.

Панатинаикос предводен од Ник Калатес беше подобар од Барселона во дербито и славеше со 84:75, додека Макаби во последен момент успеа да направи пресврт и да го победи Бамберг со 90:88.

Најново во Кошарка