ЦСКА ГО СКРШИ ОТПОРОТ НА АРМАНИ

„МАНЕКЕНИТЕ" НЕ ИЗДРЖАА ВО МОСКВА - Џордан Теодор изброја до седум!

Актуелниот македонски репрезентативец го одигра првиот евролигашки меч за својот нов клуб. На гостувањето во главниот руски град, постигна седум поени, а имаше и шест додавања...Но, „црвеноармејците" славеа триумф (93:84)...

објавено: 12 октомври 2017 - 21:15

Стартуваше и новата сезона во Евролигата. Најсилното европско клупско натпреварување во кое имаме и двајца свои претставници.

Првиот се појави вечерва во Москва. Но Џордан Теодор и неговиот Армани Милано немаа сили да ја запрат „црвената армија". ЦСКА беше подобра од миланските „манекени", славеше со (93:84).


Џордан Теодор, Американецот со македонски пасош во нашиот национален тим, одигра скоро 28 минути во кои реализираше седум поени, но со само 30% на успешност во шутот од поле (3/10), шест додавања и една загубена топка.
Претходно, во првиот меч од вечерашната евролигашка програма, Реал Мадрид славеше како гостин во Истанбул, против Анадолу Ефес (88:74).
Првиот меч, исто така во нов дрес, оној на Црвена Звезда го очекува и Перо Антиќ. „Црвено-белите" од Белград утревечер (од 19.часот), му гостуваат на Жалгирис во Каунас.

Најново во Кошарка