ОЛИМПИЈАКОС ЈА ЗАПРЕ ЦРВЕНА ЗВЕЗДА

„Меката рака" на Принтезис ја „смири" белградската „Арена"(ВИДЕО)

И без помошта на својот најдобар играч Василис Спанулис, „црвено-белите" од Пиреја беа подобри од оние од Белград (66:64).

објавено: 22 март 2017 - 21:30

„Братскиот дуел" во Белград, каде се сретнаа две екипи чии основни бои се белата и црверната им припадна на оние од Атина, поточно од Пиреја.

Олимпијакос ја запре Црвена Звезда, ја победи со минимални (66:64), а човекот на одлука не беше Василис Спанулис, туку некој друг. Во недостиг на својот „меч--винер", неговата задача ја презема заменикот за тие работи во Олимпијакос.
Јоргос Принтезис со својот прочуен „флоутер", на три секунди пред сирената, погоди за водство на гостите (66:64), кое се обиде, но со очајничка тројка од центарот на игралиштето во Арената во Белград, не го престигна Чарлс Џенкинс.


Па сега белградските „црвено-бели" се симнаа на осмата позиција на табелата, или последната која води во четвртфиналето на Евролигата.
Среќна околност за нив е поразот на Дарушафака, која очекувано загуби од ЦСКА (85:95), на гостувањето во Москва, и остана на деветтото место, и со две победи помалку зад српскиот претставник.
Нешто порано, својата добра евролигашка форма ја потврди Галатасарај кој беше сигурен против слабиот Уникс (75.67).

Најново во Кошарка