КАРПОШ СОКОЛИ ДОГОВОРИ ПРИЈАТЕЛСКИ МЕЧ

Мекфејден против „своите": „Соколите" на мегдан на ПАОК

Натпреварот ќе се одигра во Солун, во среда, со почеток во 15 часот по македонско време.

објавено: 25 септември 2017 - 16:00

Паузата пред стартот на домашното првенство, но и групната фаза од ФИБА Европа купот, кошаркарите на Карпош Соколи ќе ја искористат за одигрување силна пријателска средба и тоа против една од најдобрите грчки екипи – ПАОК.

Натпреварот ќе се одигра задутре во Солун со почеток во 15 часот по македонско време. Тоа воедно ќе биде враќање на Американскиот кошаркар Тадеус Мекфејден во арената каде што повеќе од успешно настапуваше минатата сезона и тоа како МВП на групната фаза од Лигата на шампионите на ФИБА.

 

Најново во Кошарка