ГОЛЕМА ПОБЕДА ЗА ФИЛИПОВСКИ И МИТЕВ

Монако ги шокираше „ѕвездашите" среде Белград (ВИДЕО)

Кошаркарите од малото кнежевство и се реванпираа на Црвена Ѕвезда за поразот на домашен терен, беа повеќе од убедливо во салата „Александар Николиќ" (91:75).

објавено: 14 ноември 2018 - 22:35

Сашо Филиповски и Боби Митев стигнаа до најважната победа во првата фаза од Еврокупот. Го предводеа Монако до триумф во Белград против првопласираната екипа во групата „А". Црвена Ѕвезда.
Славеа „црвено-белите" од малото кнежевство со убедливи (91:75), па по седум одграни кола избија на првото место со скор (5-2), и победа повеќе во однос на конкурентите пред последните три круга од регуларниот дел.
Во истата група, Андора на Шејн Витингтон славеше на гостувањето кај Бреша (79:73). Но без некој позначаен ефект на американскиот Македонец.
Високото крило одигра нецели осум минути во кои не реализираше ниту еден поен. Ги утна сите три обиди од поле. Направи две грешки, имаше по еден скок и асистенција за тоа време во игра.
По седум кола, Андора е на скор (4-3) и со реални шанси за пласман во онаа ТОП 16 фаза од Еврокупот.  

Најново во Кошарка