БЕЛГРАДСКИТЕ „ЦРВЕНО-БЕЛИ" МНОГУ ПОДОБРИ ОД АТИНСКИТЕ

Може Ѕвезда и без Перо

Поради проблеми со тетивата, Перо Антиќ не се најде во составот, но неговите соиграчи го надоместија неговото отсуство, и извадија голема победа против Олимпијакос (89:78).

објавено: 26 јануари 2018 - 21:20

Одлично прво полувреме и феноменална четврта чевртина одиграа кошаркарите на Црвена ѕвезда против еден од големите фаворито во Евролигата – Олимпијакос.

Иако едно време запреа, а потоа останаа без својот прв тренер, во периодот на одлука, белградските „црвено-бели" ги прегазија оние атинските (89:78).

Да биде изненадувањето уште поголемо, без помошта на еден од своите „столбови" во играта – нашиот Перо Антиќ.
Сосема коректниот плус од полувремето (43:34), домашните кошаркари го загубија во третиот дел од играта, па во оној последниот, влегоа со негатива од (57:63), но и без тренерот Душан Алимпијевиќ, кој заработи исклучување.
Но и така хендикепирани, кошаркарите на Црвена Ѕвезда, потпомогнати со бучното гледалиште, направија комплетен пресврт, и дојдоа до голем триумф.
Претходно, во ова 20. коло од Евролигата, ЦСКА лесно го победи Бросе Баскет (81:72), додека пак доста потешко од предвидувањата, европскиот шампион Фенербахче, славеше против Барселона (86:82).

 

Најново во Кошарка