СИТЕ ЌЕ ПОМАГААТ, ЦЕЛТА Е ПРОМОЦИЈА НА ДРЖАВАТА

НА ПОМОШ И ВЛАДАТА НА ЦРНА ГОРА: Ќе се игра Евролига во Подгорица!

Црногорскиот врв нема да жали средства и ќе помогне во реконструкција на Спортскиот центар „Морача" за новиот АБА шампион Будуќност во главниот град да ги игра мечевите од Евролигата, соопшти премиерот Душко Марковиќ.

објавено: 25 април 2018 - 18:35

Црногорскиот врв нема да жали средства и ќе помогне во реконструкција на Спортскиот центар „Морача" за новиот АБА шампион Будуќност во главниот град да ги игра мечевите од Евролигата, соопшти премиерот Душко Марковиќ.

„Тоа е потреба, тоа е цел, тоа е оправдано. Нема да жалиме средства за тоа најдобрите европски екуипи играат во 'Морача'. Најдобрите светски играчи да бидат достапни на нашите луѓе. Не само пораду спортскиот резултат туку и по вредностите кои тие ги пренесуваат низ целиот континент"- нагласува пресетдателот на Владата на Црна Гора.

За потсетување, претседателот на Будуќност, која местото во Евролигата го обезбеди со освојувањето на титулата во АБА лигата, во вторникот разговараше со првиот човек на Евролигата Жорди Бертомеу, кој на тимот од Подгорица му посака добредојде во Евролигата, но со услов да се исправат недостатоците кои постојат во СЦ „Морача" во Подгорица.

Веднаш по состанокот во Барселона, Драган Бокан изјави дека е задоволен, но дека на шампионот на Јадранската лига му е потребна помош од градот и од државата.
По се изгледа дека причини за грижа нема, и дека во наредната сезона Будуќност ќе заигра во најелитното европско клупско натпреварување.

Најново во Кошарка