НЕ ОСТАНУВА ВО ИСТАНБУЛ , СЕ СЕЛИ ВО ТЕЛ АВИВ

НА ВИЛБЕКИН НЕ МУ ТРЕБА НБА: Доби 4.5 милиони евра од Макаби!

Американскиот плејмејкер кариерата ќе ја продолжи во составот на „Гордоста на Израел", и тоа во период од три сезони.

објавено: 11 јули 2018 - 11:00

Најдобриот играч на Еврокупот во најдобриот клуб во Израел.
Скоти Вилбекин, „пресече" – во наредните три години ќе игра за екипата на Макаби од Тел Авив. Иако имаше дилеми дали да остане во Истанбул, и да заигра за Анадолу Ефес, сепак, оние 4.5 милиони евра кои ги доби за тригодишен договор со „жолто-сините" се чини беа пресудниот фактор за конечната одлука.

"Возбуден сум што ќе играм во клуб каков што е Макаби и што ќе бидам дел од една голема кошаркарска традиција. Едвај чекам да започнам со тренинзите и да ги запознаам новите соиграчи" – изјави сега веќе поранешниот играч на Дарушафака.

Зад себе Вилбекин има навистина сјајна сезона. Како прв играч на „Дачка" беше МВП на Еврокупот и го донесе својот тим до титулата со просек од 19.7 поени, 4.8 асистенции и 1.6 освоени топки.
Студираше на Флорида Универзитетот, а во 2014 година не беше избран на НБА драфтот, и досега не доби шанса да заигра во НБА лигата.

Најново во Кошарка