ШАРУНАС ЈАСИКЕВИЧИУС ОТВОРЕНО:

Некои купуваат играчи само поради името и висината на договорот!

„Би го напуштил Жалгирис само ако би ме побарал клуб кој би ми понудил исти или подобри услови од оние кои ги имам во Жалгирис"- вели литванската легенда.

објавено: 7 април 2017 - 21:30

Веќе подолго време Шарунас Јасикевичиус се доведува во врска со Барселона. Уште минатото лето траеја тие преговори. После сезоната во Жалгирис, популарниот „Шарас" го покачи својот и онака висок рејтинг, па многу е возможно на паузата помеѓу оваа и наредната сезона клубовите да испрата и официјални понуди за негов трансфер.

Сепак, не би бил тоа што е, ако Јасикевичиус нема свој посебен коментар за она што следува:

„Би го напуштил Жалгирис само ако би ме побарал клуб кој би ми понудил исти или подобри услови од оние кои ги имам во Жалгирис"- вели литванската легенда.

„Ќе ги разгледам понудите од дргите клубови, но само од оние кои имаат највисоки цели, Но, ќе биде многу тешко да го напуштам Жалгирис" - рече Јасикевичиус, по триумфот на неговата екипа во Басконија.

Шарунас објасни и тоа дека при создавањето на тимовите кај некои клубови резултатите не се и најважната работа.

„Минатото лето имав разговори со некои тимови. И многу брзо ја дознавате сечија филозофија. Постојат тимови чии сопственици прават ростери заради самите себе. Потпишуваат некои играчи само да би покажале како нивните имиња се големи, и колку големи договори добиле. Но за нас тренерите, најважната работа е слободата во работата. Тоа му го дава Жалгирис, тука се чувствувам сакано"- во свој стил поентира „Шарас".

 

Најново во Кошарка