ЕКПЕ ЈУДО ЗНАЕ КАКО ДА СЕ СОПРЕ ОЛИМПИЈАКОС

Некој мора да го убие Спанулис

За да стигне до титулата во Евролигата, Фенербахче мора да го запре најдобриот играч на Олимпијакос, нивниот центар има „решение"...

објавено: 20 мај 2017 - 20:12

Лекцијата која никако не успеваат да ја научат не само кошаркарите на ЦСКА, туку и многу други остана на сила.

„Никогаш, ама баш никогаш не го потценувајте Василис Спанулис".
Таа важи и по одигрувањeто на полуфиналните дуeли од евролигашкиот „фајнал-фор" во Истанбул.
Популарниот Били уште еднаш покажа дека е еден од најдобрите играчи кои се дел од Евролигата. А за тоа се свесни и сите во таборот на Фенербахче. Особено за фактот дека ако се биде решавано во последните моменти од натпреварот, оној финалниот, закажан за недела од 20. часот, топката ќе биде кај Василис.
Но Екпе Југо, еден од креаторите на победата на „Фенер" во полуфиналниот дуел со Реал Мадрид има „решение".

"Кил Бил, убиј го Бил. Не се разбира дека буквално мислам така. На теренот, во последните пет минути . Некој мора да го убие" – објасни центарот на „сино-жолтите".

Овие реченици на Нигериецот со американски пасош, доволно покажуваат колку голем кошаркар и шампион е Василис Спанулис.
Јудо вели дека со навистина големо нетрпение во чека финалето.

„Не можам да го дочекам финалето. Сите сме возбудени, се боревме цела година за да дојдеме до борба во овие 40. минути" – призна еден од најдобрите играчи на Фенербахче во оваа сезона.

Секако, планот на тимот чиј дел е и Перо Антиќ ќе биде како да се „убие Били".


„Се обидов да го стопираме Љуљ, па тој ни даде 28. поени. Многу е важно да се подготвиш и да имаш план. Олимпијакос има многу квалитетни играчи. Мораме да се спремиме за сите нив"- смета нивниот предводник од клупата, неприкосновениот тренерски маг, Жељко Обрадовиќ за кого ова ќе биде нова можност да стигне до деветтиот евролигашки трофеј во својата богата тренерска кариера.

Најново во Кошарка